Пристапно општество – општество за сите!

Претставник на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес заедно со корисници на Социјална сервисна услуга “Лична асистенција” и нивните асистенти учествуваа на тренинг работилницата и презентацијата на проектот „Дигитален Зелен Пристап – Младите Мапираат за Инклузивна Демократија“, која се одржа во Europe House Veles. На настанот, претседателката на Здружението, Далиборка Златева, […]
Креативноста нe обединува – заедно создаваме можности!

Креативноста повторно не обедини! Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, реализиравме работилница за шиење, кроење и украсување на ташни, на која учествуваа лица со попреченост од Општина Градско и корисници на социјалните услуги од ПОРАКА Неготино. Овојпат реализиравме инспиративна работилница за шиење, кроење […]
Заедно учиме и создаваме: нови знаења и вештини преку органски лековити билки

Продолжуваме со успешно реализирање на активностите во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna. Во оваа работилница учествуваа лица со попреченост од Вардарскиот Плански Регион, односно корисници од Општина Градско и корисници на социјалните услуги од ПОРАКА Неготино. Успешно се одржа уште една од низата […]
Креативност, дружење и нови вештини во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“

Продолжуваме со активностите во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna. Во рамки на проектот се реализираше работилница за грнчарски вештини, наменета за лица со попреченост. На работилницата учествуваа корисници од Вардарскиот плански регион – лица од Градско, Неготино, корисници од здружението Порака Неготино. Под […]
Обезбедени првите парчиња опрема преку грантовата поддршка во рамките на проектот #EWI

Со голема благодарност и радост ги примивме првите парчиња опрема обезбедени преку грантовата поддршка во рамките на проектот #EWI. Оваа поддршка претставува значаен чекор во развојот на нашето социјално претпријатие Garden Glow. Новата земјоделска механизација ќе ни овозможи поефикасно одгледување и обработка на органски лековити и ароматични билки, како лаванда, нане, босилек, жалфија, невен и […]
Потпишани нови меморандуми за соработка

Во рамките на проектот „Заедно сме посилни 2“, потпишавме Меморандуми за соработка, со што го зацврстуваме нашето партнерство и заедничката заложба за создавање поинклузивно и поправедно општество. Оваа активност е дел од проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna. Преку оваа соработка ќе работиме на: развој и […]
Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија за доделување на грантовите (Awarding […]
Лавандата, пример за социјално претприемништво

Лавандата – дар од природата за здравје, благосостојба и одржлив развој Лавандата е едно од најпознатите лековити и ароматични растенија, ценета со векови поради своите бројни придобивки за здравјето и квалитетот на животот. Нејзиниот препознатлив мирис придонесува за релаксација, намалување на стресот и подобрување на сонот, додека нејзините природни својства ја прават важна состојка во […]
Состаноци со Советите за социјална заштита на Општините во Вардарски плански регион

Состаноци со Советите за социјална заштита, заеднички чекори кон подобри услуги во заедницата. Во рамките на проектните активности од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизација“, се одржаа состаноци со Советите за социјална заштита во повеќе општини од Вардарскиот регион, Општина Чашка, Градско, Велес и Росоман. Целта на овие средби беше да се поттикне дијалогот меѓу […]
Трибината посветена на унапредувањето на правата на пациентите и можностите што ги нуди Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Општина Велес со фокус кон лицата со попреченост

Денес во Велес успешно се одржа трибината посветена на унапредувањето на правата на пациентите и можностите што ги нуди Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Општина Велес со фокус кон лицата со попреченост. Настанот, организиран од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, во партнерство со „Порака“ – Неготино […]