ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Креативноста нe обединува – заедно создаваме можности!

✨ Креативноста повторно не обедини! Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, реализиравме работилница за шиење, кроење и украсување на ташни, на која учествуваа лица со попреченост од Општина Градско и корисници на социјалните услуги од ПОРАКА Неготино.
👜 Овојпат реализиравме инспиративна работилница за шиење, кроење и украсување на ташни, која обедини учесници од различни средини во Вардарскиот Плански Регион. На работилницата учествуваа лица со попреченост од Општина Градско, како и корисници на социјалните услуги на ПОРАКА Неготино, кои преку заедничка работа, дружење и размена на идеи создадоа уникатни рачни изработки.
🧵 Низ практичен и интерактивен процес, учесниците ги украсија своите ташни.
🎨 Со поддршка од ментор, тие се запознаа со различни техники на изработка и декорирање, а секој имаше можност својата креативност да ја претвори во уникатен производ.
🤝 Работилницата беше повеќе од креативна активност, таа беше простор за дружење, меѓусебна поддршка, стекнување нови вештини и градење самодоверба.
🌟 Преку оваа работилница учесниците:
✔ стекнаа основни вештини за кроење и шиење;
✔ научија техники за украсување и персонализација на ташни;
✔ работеа со различни материјали и алати;
✔ ги развиваа своите фини моторни вештини и креативност;
✔ ја зајакнаа самодовербата и чувството на личен успех.
💙 Заедно создаваме можности, поттикнуваме инклузија и покажуваме дека креативноста е јазик што ги поврзува сите.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес