Проект во рамки на проектот на Цивика Мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данка и ФЦГ Шведска.
Општа цел на проектот
Подобрена здравствена заштита на лицата со попреченост во сите три нивоа на здравствена заштита.
Специфични цели
– Едуциран медицински кадар за прифат и третман на лица со попреченост.
– Воспоставен приоритет за лицата со попреченост во медицинските установи од сите три нивоа на здравствена заштита.
– Финансиско олеснување на лицата со попреченост при здравствената заштита.
„Порака Неготино“ – Неготино ќе го раководи целиот проект заедно со партнерските организации „Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености“ – Велес и „Еко живот“ – Кавадарци
Финансиски поддржан проект од Фондацијата Kvinna Till Kvinna и Шведска.
Во периодот 01.2023 – 03.2025 се спроведоа поголем дел на активности кои се од круцијално значење за нашето здружение насочувајќи се кон истакнување на способностите на жените и девојките со попреченост како и руралните жени од Вардарскиот плански регион.
Во овој период се насочивме кон приоритетите во нашето здружение преку изработка на:
– Стратешки план 2023-2026 на здружението,
– Стратегија за финансиска одржливост
– Зголемување на капацитетите на човечките ресурси,
– Прирачник за финансиско и административно управување,
– Стратегијата за онлајн комуникации и социјални медиуми.
Акцент се стави и во обезбедување на социјални услуги, социјална вклученост и вработување на лицата со попреченост – преку социјално претприемништво, економско јакнење на жените и девојките со попреченост кон ефективно учество и родова еднаквост, подобрување на здравјето и пристапот до здравствените услуги итн.
На почетокот на оваа година дојдовме до финализирање на дел од активностите со ревизија на статутот на здружението, оперативни прирачници, како и спроверување на Националната Конференција ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ поддржана од присутните гости:
– Г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, Претседателката на Република С. Македонија
– Фатмир Лимани, Министер за социјална политика, демографија и млади
– Микалис Рокас, Евроамабасадор во Република С. Македонија
– Ејми Ларсон Џеин – амабасадорка на Шведска во Република С. Македонија и
– останати амбасадори, пратеници, институции, соработници итн.
1. Регистрација на ЗЛЦПДП – Велес 12.09.1997
2. Проект „Идентификација на лица со попреченост и дистрибуција на ортопедски помагала“ (2000 г. во соработка со Хендикеп Интернационал)
3. Проект „Изградба на првите пристапни патеки и одбележување на паркинг места во Велес“ (од 2002 г. до денес)
4. Проект „Кампања за социјално вклучување во општествениот живот на лицата со попреченост“ (2002 г. во соработка со МИА и други НВО од републиката со поддршка на Канадската и Швајцарската амбасада)
5. Проект „Надградба на талентите на лица со попреченост“ (2003 година – финансирано од ИТЗ – ЦИРА – Амбасада на САД)
6. Проект „Пристапност за мене, мое човеково право“ – Кампања за отстранување на архитектонски бариери (2004 година- поддржано од Фондација Отворено Општество)
7. Иницијатива за инклузија на децата со хендикеп во редовното образование (од 2005 г. до денес)
8. Проект „Адаптација на детска соба за полуинтензивна нега на детскиот оддел при Општа Болница Велес“ – 2009 година во соработка со Амбасадата на С.Р.Германија.
9. Проект за подготовка на „Локален Акционен План за прашањето хендикеп во Општина Велес“ (ЛАП) – прв ЛАП во Р. Македонија и Југоисточна Европа (2007 година – во соработка со Хендикеп Интернационал)
10. Проект „Дневен Центар за лица со инвалидност и нивна интеграција во општественото живеење“ (2012 г. финансиран од Институтот за човекови права Лудвиг Болцман – БИМ Скопје)
11. Проект „Сервис за домашна поддршка на лица со попреченост“ во општините Велес и Чашка за периодот април – септмври 2013 година, Финансиран од Швајцарската Агенција за обнова и развој преку Центарот за институционален развој-ЦИРА, ЕЛЕМ – Електрани на Македонија, Општина Велес
12. Организирање на летување на лица со инвалидност од Р. Македонија во месеците јуни и септември во Добре Воде – Бар, Црна Гора во соработка со „Хуманитарна фамилија“. Во овој проект десега за период од 10 години се опфатени 800 лица со различна попреченост и различна старосна возраст од нашата земја.
13. Проект „Сервис за лична асистенција за лица со телесен инвалидитет“ 2017 година
14. Проект „Стратегија за лица со инвалидност- ЛАПЛИ“ за општините Кавадарци, Градско и Чашка потпомогнат од АЛДА- Скопје со финансиска поддршка од ЕУ
15. Проект „Кампања за родова рамноправност и родова иклузија на девојки и жени со попреченост“ за Вардарски и Источен регион, финансиран од „Квина тил Квина“ преку ЕУ
16. Проект „Центар за социјална инклузија на лица со попреченост“ потпоногнат од бизнис секторот и граѓани од Велес и државата.
17. Инклузивен туризам на езеро „Младост“- тековен проект финансиски поддржан од Шајцарската развојна агенција. Нашата организација доби делегирана надлежност од општина Велес на период од една година за „Парк на срцата“, пристапна плажа и реквизити за во вода.
18. „Социјална инклузија и работно ангажирање на лица со попреченост и други маргинализирани групи преку одгледување лековити билки“ – тековен проект кој е поддржан од Глобалниот еколошки фонд- програмата за мали грантови во РСМ на Обединетите нации. Проекто во вредност од 27.706 долари.
19. „Помош и нега во домот“ тековен проект за услуги на нега во домот за лица со попреченост кој редовно ќе вработи 6 негователи. Проектот е поддржан преку опративниот план на УНДП, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Швајцарската развојна агенција. Ппроектот за период од една година е во вредност од над 3.000.000,00 денари.
20. „Живеење со поддршка за лица со попреченост“- тековен проект за деинстидуционалицазија на лицата со попреченост од СЗ „Демир Капија“ поддржан од Цепросард- Скопје во склоп на Проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“, финансиран од Европската Унија. Преку овој проект ќе бидат отворени четири дома од кои два во општина Велес и два во општина Градско. Во овие домови ќе бидат сместени 20 лица со попреченост, а за нив ќе се грижи стручен тим од 20 негователки, социјален работни, дегектолог, психолог и физиотерапевт. Проектот има вредност над 9.600.000,00 денари на годишно ниво.
21. “Соочување со предизвиците и стигматизација“ во рамки на проектот на Цивика Мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данка и ФЦГ Шведска.
© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес