Наменета за лица со попреченост која обезбедува независно живеење на корисниците во станбена единица со поддршка од страна на стручни лица или други лица во остварување на основните и инструменталните активности во секојдневниот живот на корисниците.
Координатор: Драгица Пановска
– Отворени четири мали групни домови на територија на Општина Градско и Општина Велес
– Сместени 20 лица со попреченост кои се деинституционализирани од С.З „Демир Капија“
За самата услуга се ангажирани:
– 19 негуватели/асистенти за поддржано живеење
– 1 координатор на услугата
Оваа услуга е финансиски поддржана и помогната од:
– реализирана преку проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка“- ТИМОР на невладината организација „CeProSARD“
– Министерство за социјална политика, демографија и млади со потпишан Управен договор
Наменета за стари лица и лица со попреченост, индивидуализирана во смисла на поддршка во делот на одржување на лична хигиена, задоволување на физиолошките функции, исхрана, купување на прехранбени продукти, обезбедување на лекови, одржување на хигиена во домот, контрола на витални функции, прошетки во домот и надвор од домот, односно остварување на основните и инструменталните активност и задоволување на елементарните потреби на едно лице.
Координатори:
Маја Николовска – територија на Општина Велес, Општина Лозово и Општина Чашка
Мануела Туранова Димова – територија на Општина Градско и Општина Росоман
Услугата се реализира на територија на:
– Општина Велес
– Општина Градско
– Општина Росонам
– Општина Лозово
– Општина Чашка
Број на корисници кои се обслужуваат на овие територии:
– над 160 корисници
За самата услуга се ангажирани:
– 37 негуватели за стари и немоќни лица и лица со попреченост
– 2 координатори на социјалната услуга
За самата услуга се ангажирани:
– УНДП и Агенција за вработување преку мерката 7.2 од Оперативниот план
– Министерство за социјална политика, демографија и млади преку потпишување на Управен договор
Наменета за лица од 18 до 65 годишна возраст, со намален функционален капацитет, со цел да се овозможи независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата, како и вршење секојдневни активности, кои лице без попреченост вообичаено ги врши без поддршка. На лицето со попреченост му се обезбедува поддршка во вршење на основни и инструментални активности во домот, на работното место, во заедницата и други активности од интерес на лицето.
Услугата се реализира на територија на:
– Општина Велес
– Општина Градско
Број на корисници кои се обслужуваат на овие територии:
– над 35 корисници
За самата услуга се ангажирани:
– 13 лични асистенти
– 1 координатор на услуга
Оваа услуга е финансиски поддржана и помогната од:
– УНДП и Агенција за вработување преку мерката 7.2 од Оперативниот план
Тука можете да ги доставите Вашите пофалби и жалби за нашите социјални сервисни услуги.
Ви благодариме на соработката!
© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес