„Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“ е хуманитарна, непрофитна организација, формирана на 12.09.1997 година од страна на лица со попреченост и нивни родители.
Во организацијата членуваат лица со церебрална парализа, даунов синдром, интелектуална попреченост, аутизам и други попречености.
Целосна прифатеност и вклученост на лицата со попреченост во Вардарскиот регион и во целата држава.
Организација која овозможува социјални услуги за лицата со попреченост вклучително жени и девојчиња, за нивна подобра вклученост во општеството преку пристапите засновани на почитување на човекови права и искористување на концептите на социјално претприемништво и економско зајакнување на жените.
Секој од нас има моќ да направи промена во животот на оние кои имаат најголема потреба.
Без разлика дали е малку или многу, секој придонес прави разлика.
Со вашата поддршка можеме да обезбедиме подобри услови за нашите корисници.
Преку банкарска сметка
290 000027317288 – ТТК Банка АД Скопје
Лично да донесете храна или облека во просториите на нашата организација
ул. „Архиепископ Михаил“ бр. 156, Велес
тел. +389 75/403-303
Со вашето учество не само што помагате, туку станувате и дел од една поголема приказна – приказна за надеж, љубов и солидарност.
Правејќи добро за другите, правите добро за себе!
Оваа порака споделете ја со другите, бидејќи… „Сами можеме да направиме малку, заедно можеме да направиме многу!“ – Хелен Келер
Од срце Ви благодариме за вашата добрина и великодушност!
ЗЛЦПДП – Велес
Колекција природни, органски и домашни производи изработени од вредните раце на нашите членови.
Нашата мисија е создавање на квалитетни органски производи за нашите купувачи, преку ангажирање на лицата со церебрална парализа и други попречености. Со тоа допринесуваме за нивна интеграција во општествениот живот и креирање на подобра средина со ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ.
Проект во рамки на проектот на Цивика Мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данка и ФЦГ Шведска.
Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености го спроведува проектот ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ финансиски поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и Шведска.
Најновите вести од нашиот блог можете да ги погледнете тука…
© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес