Во рамки на услугата „Лична асистенција“ започнавме со организирање на серијал едукативни и креативни работилници наменети за корисниците на услугата. Преку овие работилници, корисниците ќе имаат можност да стекнуваат нови знаења и вештини, да се информираат за различни теми од секојдневниот живот, да ги изразуваат своите интереси и креативност, како и активно да учествуваат во заеднички активности. Работилниците имаат за цел да поттикнат дружење, меѓусебна комуникација, размена на искуства, самостојност, самодоверба и поголема социјална вклученост. Исто така, преку практични активности се создаваат можности за учење преку искуство, развивање на личните потенцијали и откривање нови интереси и способности.
Најважно од се, работилницата помина во насмеана и пријатна атмосфера, исполнета со дружење, забава и радост од заедничкиот резултат.
