Посета на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес од претставник на Австриското федерално министерство за социјални прашања


Нашата организација имаше чест да биде домаќин на г. Matthias Posch, претставник на Австриското федерално министерство за социјални прашања (Austrian Federal Ministry of Social Affairs).
За време на посетата, го запознавме со нашата организација, нашата мисија, визија и досегашната работа, презентирајќи ги областите во кои делуваме и придонесот што го даваме за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост.
Посебен акцент беше ставен на социјалните услуги што ги обезбедуваме „Помош и нега во домот“, „Лична асистенција“ и „Живеење со поддршка“, при што детално беа презентирани начинот на нивното спроведување, значењето на индивидуализираната поддршка и улогата што овие услуги ја имаат во унапредувањето на самостојноста, достоинството и вклученоста на лицата со попреченост во заедницата.
Дополнително, ги претставивме и останатите активности и иницијативи преку кои делуваме во областа на социјалната инклузија, зајакнувањето на лицата со попреченост, волонтерството, партнерствата и развојот на нови можности за поддршка.
Ваквите посети претставуваат значајна можност за споделување искуства, презентирање на нашата работа и отворање простор за размена на знаења и идеи кои можат да придонесат кон понатамошен развој на социјалните услуги и инклузивните заедници.
Изразуваме особена благодарност до г. Matthias Posch за посетата, укажаното внимание и интересот за работата и активностите на нашата организација, како и за можноста да ги споделиме нашите искуства и досегашни достигнувања.
