
Продолжуваме со успешно реализирање на активностите во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna. Во оваа работилница учествуваа лица со попреченост
од Вардарскиот Плански Регион, односно корисници од Општина Градско и корисници на социјалните услуги од ПОРАКА Неготино.

На овие сесии, учесниците имаа можност:

да се запознаат со основите на користење на органски лековити билки

да научат чекор по чекор како се подготвуваат и пакуваат природни производи

да ги истражат својствата на рузмарин, жалфија, невен и лаванда

активно да учествуваат во процесот на изработка и пакување

да ја развијат својата креативност и фини моторни вештини