Во рамки на проектот се реализираше работилница за грнчарски вештини, наменета за лица со попреченост. На работилницата учествуваа корисници од Вардарскиот плански регион – лица од Градско, Неготино, корисници од здружението Порака Неготино.
Под водство на ментор, учесниците имаа можност да го проследат процесот на изработка на грнчарски производи, а потоа и самите активно да се вклучат преку боење и украсување на уникатни рачни изработки од глина. Овој креативен пристап им овозможи да ја изразат својата индивидуалност, да ги развиваат своите вештини и да уживаат во процесот на создавање.
