ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ВТОР ДЕН STUDY VISIT – ПРАКТИЧНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО

🌱 Вториот ден од Study Visit и регионалната размена во рамките на проектот „Лица со попреченост одгледуваат aроматични лековити билки“ го посветивме на практично учење и размена на искуства директно на терен.
Учесниците од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина ја посетија Општина Градско, каде што имаа можност да ги посетат насадите со лековити и ароматични билки и одблизу да се запознаат со нивното одгледување и одржување. 🇲🇰🇷🇸🇧🇦
Во текот на практичниот дел беа демонстрирани различни техники поврзани со одгледувањето на билките – подготовка на почвата, садење и правилно распоредување на растенијата, како и основните начини на нивно одржување.
Посебно внимание беше посветено на лавандата, преку практична демонстрација на подготовка и правење резници, како еден од начините за нејзино размножување. Учесниците имаа можност директно да се запознаат со процесот и да разговараат за условите потребни за успешно вкоренување и развој на нови растенија.
🌼 На самите насади се разговараше и за препознавање на различните фази на развој на растенијата, контрола на плевелите, природни методи за заштита, потребите за наводнување и одржување, како и препознавање на соодветниот период за берба.
🌿 Практичниот дел продолжи со демонстрација на бербата и правилното ракување со растенијата по бербата, вклучително и нивно чистење, сортирање и подготовка за понатамошно сушење и обработка.
💬 Целиот ден беше исполнет со практична работа, прашања, дискусии и размена на искуства за одгледување, одржување и обработка на лековити и ароматични билки.
🤝 Најголемата вредност на овој ден беше можноста знаењето да не остане само во теорија, туку да се примени директно на насадите – преку работа со растенијата, споделување искуства и учење едни од други.
🙏 Благодарност до Western Balkans Fund и Европската Унија за поддршката и можноста преку овој проект да создаваме знаење, практични вештини и нови можности за лицата со попреченост.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес