Денес во Велес го започнавме Study Visit и регионалната размена во рамките на проектот „Лица со попреченост одгледуваат органски ароматични билки“, со учество на околу 50 учесници од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. 


За развојот на оваа иницијатива, искуствата и досегашната работа на Здружението говореше Далиборка Златева, која ја водеше и сесијата посветена на органското земјоделство и принципите на одржливо производство на лековити и ароматични билки.
Особено ни е драго што првиот ден го завршивме со исполнета агенда, нови знаења и уште поголема мотивација за заедничка работа.
