Претставник на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес заедно со корисници на Социјална сервисна услуга “Лична асистенција” и нивните асистенти учествуваа на тренинг работилницата и презентацијата на проектот „Дигитален Зелен Пристап – Младите Мапираат за Инклузивна Демократија“, која се одржа во Europe House Veles.
На настанот, претседателката на Здружението, Далиборка Златева, ги сподели искуствата и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат лицата со попреченост при остварувањето на своите основни граѓански права и обврски пред јавните институции.
Беше истакната потребата од создавање општество во кое пристапноста нема да биде привилегија, туку стандард и основно човеково право. Физичките и комуникациските бариери не смеат да бидат причина за исклучување на било кој граѓанин од услугите и можностите што ги нудат институциите.
Како организација која долги години работи на унапредување на правата и квалитетот на живот на лицата со попреченост, остануваме посветени на соработка со младите, институциите и граѓанскиот сектор за создавање заедница во која никој нема да биде исклучен.
Благодарност до Фондацијата Импакт Нет, координаторката на проектот Александра Димитриоска, младите лидери и сите партнери вклучени во оваа значајна иницијатива.
