Оваа поддршка претставува значаен чекор во развојот на нашето социјално претпријатие Garden Glow. Новата земјоделска механизација ќе ни овозможи поефикасно одгледување и обработка на органски лековити и ароматични билки, како лаванда, нане, босилек, жалфија, невен и рузмарин од кои создаваме природни производи со љубов и посветеност. 


Искрено им благодариме на CARE International Balkans, Austrian Development Agency и Консалтинг за стратешки развој 
За нас, ова не е само инвестиција во опрема, туку и инвестиција во луѓето особено во лицата со попреченост кои се активен и вреден дел од нашиот тим. Заедно продолжуваме да создаваме можности, да растеме и да придонесуваме кон поинклузивно и поодржливо општество.
