Рекреативно летување за лица со попреченост во Добре Воде, Црна Гора 2026 година

Насмевки, пријателства и незаборавни моменти во Добре Воде, Црна Гора И ова лето продолжува една прекрасна традиција која веќе 14 години носи радост, дружење и нови животни искуства за лицата со попреченост од Македонија. Во моментов, 18 лица со попреченост, заедно со своите родители, старатели, негуватели и придружници, престојуваат на рекреативно летување во Добре Воде, […]

Насмевки, дружење, спорт и одлична енергија на Спортски игри Велес

Насмевки, дружење, спорт и одлична енергија! Членовите на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес, заедно со вработените, личните асистенти и корисниците на социјалните услуги, денес уживаа во Спортски Игри Велес Во пријатна и позитивна атмосфера реализиравме рекреативни вежби со професорот Петре Петрушевски, поттикнувајќи активен и здрав начин на живот. Преку спортот, […]

Четврто инклузивно планинарење на Кожуф

Со голема чест и задоволство бевме дел од четвртото инклузивно планинарење на Кожуф, настан кој уште еднаш покажа дека инклузијата, солидарноста и заедништвото немаат граници. Здружение за лица со церебрална парализа и други попречености Велес, заедно со нашите членови, семејства и поддржувачи, учествувавме во овој прекрасен ден исполнет со позитивна енергија, нови пријателства и незаборавни […]

Регионален настан „Правобранителот и лицата со попреченост“

Денес во Велес се одржа регионалниот настан „Правобранителот и лицата со попреченост“, организиран од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, во партнерство со „Порака“ – Неготино и „Еко-живот“ – Кавадарци во рамки на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, поддржан преку програмата Цивика Мобилитас, финансиски поддржана од Владата на Швајцарија, а спроведувана […]

Активност за плевење и уредување на насадот со лаванда

Со многу посветеност, труд и тимска работа деновиве се реализираше активност за плевење и уредување на насадот со лаванда, кој е дел од социјалното претприемништво на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес. Лавандата е едно од најмиризливите и најлековити органски билки кои ги одгледуваме со љубов и грижа. Нејзиниот мирис […]

Акцијата за засадување 2500 садници на Езеро Младост

Денeс уште еднаш се потсетивме колку големо значење имаат дрвјата за нашата иднина. Тимот на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, денес зема учество во акцијата за засадување 2500 садници. Заедно придонесуваме за поздрава, позелена и поубава иднина за сите.

Надградување, доусовршување и професионален развој на вработените во социјалните услуги

Инвестираме во знаење, професионалност и квалитетни социјални услуги! Денес во просториите на ЗЛЦПДП се реализираше обука за вработените во социјалните услуги “Помош и нега во домот” и “Лична асистенција”, во рамки на програмата за надградување, доусовршување и професионален развој на вработените. Медицинската сестра Олгица Пепелашева одржа стручно предавање на тема медицинска грижа и соодветен пристап […]

Продолжуваме со работилниците во Вардарски плански регион во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“

Со големо задоволство споделуваме дел од активностите во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna. На 08.05.2026 година во Неготино успешно се одржа втората работилница од Вардарскиот плански регион, наменета за жени, девојки и момчиња со попреченост. Работилницата беше посветена на зајакнување на вештините за […]

Посета на амбасадорот на Шведска, Ola Söhlström, во Европска куќа Велес

Денес во рамки на иницијативата #EmbassyOnTheRoad, нашата организација имаше чест да биде домаќин на амбасадорот на Шведска, Ola Söhlström, во Европска куќа Велес. На средбата беше претставена работата на нашата организација, областите во кои делуваме, како и нашите активности насочени кон инклузија, поддршка и еднакви можности. Свое обраќање имаше и градоначалникот на Велес г-дин Марко […]

Почеток на нова кампања за подигнување на свеста и поттикнување на вработувањето на лицата со попреченост

Започнуваме нова кампања! Со големо задоволство ве информираме дека ја отпочнуваме нашата кампања за подигнување на свеста и поттикнување на вработувањето на лицата со попреченост. Вработи еднаквост, Вработи инклузивност! Оваа кампања има за цел да ги доближи можностите, потенцијалите и правата на лицата со попреченост до пошироката јавност, работодавачите и институциите. Во текот на кампањата, […]