Посета на амбасадорот на Шведска, Ola Söhlström, во Европска куќа Велес
Новости
Денес во рамки на иницијативата #EmbassyOnTheRoad, нашата организација имаше чест да биде домаќин на амбасадорот на Шведска, Ola Söhlström, во Европска куќа Велес.
На средбата беше претставена работата на нашата организација, областите во кои делуваме, како и нашите активности насочени кон инклузија, поддршка и еднакви можности.
Свое обраќање имаше и градоначалникот на Велес г-дин Марко Колев, кој ја истакна важноста од соработката, поддршката и развојот на локалната заедница преку вакви иницијативи.
Посебно ни беше драго што своја презентација имаше и најинклузивното училиште „Васил Главинов“, кое ги сподели своите успешни практики и заложби за инклузивно образование.
Благодарни сме за посетата и за можноста да ја претставиме нашата организација, нашата мисија и работата што секојдневно ја реализираме во заедницата.