ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Регионален настан „Правобранителот и лицата со попреченост“

📍Денес во Велес се одржа регионалниот настан „Правобранителот и лицата со попреченост“, организиран од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, во партнерство со „Порака“ – Неготино и „Еко-живот“ – Кавадарци во рамки на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, поддржан преку програмата Цивика Мобилитас, финансиски поддржана од Владата на Швајцарија, а спроведувана од МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
💬Свои обраќања имаа Весна Костиќ Ивановиќ – државен советник за мониторирање на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност и г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник кои говореа за значењето и имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, институционалната поддршка, како и механизмите за заштита и унапредување на човековите права, со посебен фокус на децата и лицата со попреченост.
🤝 Искрено им благодариме на сите гости, институции, организации, родители и лица со попреченост што беа дел од овој значаен настан. Вашето присуство, поддршка и споделени искуства му дадоа посебна вредност на овој настан и не потсетија дека само заедно можеме да создадеме поинклузивно, поправедно и подостапно општество за сите.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес