ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Работна средба со Министерот за социјална политика, демографија и млади, г-дин Ѓоко Велковски

🔶Претседателката на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес оствари работна средба со Министерот за социјална политика, демографија и млади, г-дин Ѓоко Велковски.
💬На средбата се разговараше за работата на Здружението, актуелните предизвици во обезбедувањето на социјалните услуги со посебен фокус на нивната достапност, квалитет и континуитет. Беше разговарано за потребата од понатамошно унапредување и развивање на услугите во заедницата, меѓу кои “Личната асистенција”, “Помош и нега во домот” “Живеење со поддршка”, со цел лицата со попреченост да имаат поголема можност да го организираат својот живот според сопствените потреби, избори и желби.
🤝 Воедно, упатуваме искрена благодарност до Министерството за социјална политика, демографија и млади за досегашната поддршка и отвореноста за соработка, како и за укажаната чест и можноста преку непосреден дијалог да се разговара за прашања од значење за лицата со попреченост и услугите во заедницата.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес