
На средбата се разговараше за работата на Здружението, актуелните предизвици во обезбедувањето на социјалните услуги со посебен фокус на нивната достапност, квалитет и континуитет. Беше разговарано за потребата од понатамошно унапредување и развивање на услугите во заедницата, меѓу кои “Личната асистенција”, “Помош и нега во домот” “Живеење со поддршка”, со цел лицата со попреченост да имаат поголема можност да го организираат својот живот според сопствените потреби, избори и желби.