ТРЕТ ДЕН STUDY VISIT – ЗНАЕЊЕ, ИСКУСТВО И РАБОТА

Во рамките на третиот ден од студиската посета, реализирана во рамките на проектот „Лицата со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, финансиски поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија, беше одржана практична обука во работниот центар на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес. Обуката беше насочена кон стекнување практични знаења […]

ВТОР ДЕН STUDY VISIT – ПРАКТИЧНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО

Вториот ден од Study Visit и регионалната размена во рамките на проектот „Лица со попреченост одгледуваат aроматични лековити билки“ го посветивме на практично учење и размена на искуства директно на терен. Учесниците од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина ја посетија Општина Градско, каде што имаа можност да ги посетат насадите со лековити и […]

ПРВ ДЕН STUDY VISIT – ЗНАЕЊЕ, ИСКУСТВО И РАЗМЕНА

Денес во Велес го започнавме Study Visit и регионалната размена во рамките на проектот „Лица со попреченост одгледуваат органски ароматични билки“, со учество на околу 50 учесници од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Првиот дел од денот беше посветен на претставување и запознавање на учесниците, по што следуваше видео презентација која ги претстави […]

Информативна сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост

Успешно реализирана информативна сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост На 25 септември 2026 година, во Хотел „Интернационал“ – Велес, успешно ја реализиравме Информативната сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост, во рамките на проектот „Заедно сме посилни 2“, со поддршка […]

Младите, соработката и инклузијата – сила за промени

Со особено задоволство присуствувавме на настанот во организација на Фондацијата Импакт Нет и младите лидери – носители на промените. За нас, посебно значење имаше потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Фондацијата Импакт Нет и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, предводено од претседателката Далиборка Златева. Со овој чекор ја потврдуваме […]

Градиме партнерства!

Кога се поврзуваме, создадаваме повеќе можности за промена. Во рамките на проектот „Заедно сме посилни 2“, со поддршка од Фондацијата Kvinna till Kvinna, продолжуваме да ја прошируваме нашата мрежа на соработка и да се поврзуваме со организации кои секојдневно работат за подобар и поинклузивен свет. Со особено задоволство потпишавме Меморандуми за соработка со: Соѕведие Скопје […]

МакПрогрес-Винчини Македонија стана наш спонзор и поддржувач!

Со особена благодарност споделуваме дека МакПрогрес -Винчини Македонија стана наш спонзор и поддржувач! Во рамките на ова партнерство, Винчини Македонија – МакПрогрес во понатамошниот период ќе обезбедува донации -храна за корисниците на услугата „Живеење со поддршка“, придонесувајќи кон создавање подобри и поквалитетни услови за нивното секојдневно живеење. За нас, оваа поддршка е многу повеќе од […]

Потпишани меморандуми за соработка

Градиме партнерства за заеднички цели и подобри можности за сите! Во рамките на проектот „Заедно сме посилни 2“ кој го имплементираме со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna, потпишавме Меморандуми за соработка, со што го зацврстуваме нашето партнерство и заедничката заложба за создавање поинклузивно и поправедно општество. Меморандуми за соработка потпишавме со: Центар за развој […]

Работна средба со Министерот за социјална политика, демографија и млади, г-дин Ѓоко Велковски

Претседателката на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес оствари работна средба со Министерот за социјална политика, демографија и млади, г-дин Ѓоко Велковски. На средбата се разговараше за работата на Здружението, актуелните предизвици во обезбедувањето на социјалните услуги со посебен фокус на нивната достапност, квалитет и континуитет. Беше разговарано за потребата од […]

29 години Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

29 ГОДИНИ ЗАЕДНО Приказна создадена од луѓе кои веруваа дека лицата со попреченост заслужуваат повеќе……повеќе можности, повеќе поддршка, повеќе почит и, пред се, право на живот со достоинство. 29 години исполнети со многу чекори напред, но и со предизвици. Со денови кога било тешко, со моменти кога сме се прашувале дали можеме уште, но и […]