Во рамките на проектот „Заедно сме посилни 2“ кој го имплементираме со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna, потпишавме Меморандуми за соработка, со што го зацврстуваме нашето партнерство и заедничката заложба за создавање поинклузивно и поправедно општество.
Меморандуми за соработка потпишавме со:
Соработката ќе биде насочена кон подобрување на квалитетот на животот, социјалната инклузија и еднаквите можности за лицата со попреченост, жените во ризик и старите лица, како и кон нивно економско и општествено зајакнување. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на социјалните услуги, пристапот до здравствена и социјална заштита, родовата еднаквост, можностите за вработување и економското зајакнување, како и на поголемото учество на овие групи во општествениот живот.
