ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Менторска и коучинг поддршка за корисниците на 𝑩𝒖𝒔𝒊𝒏𝒆𝒔𝒔 𝑯𝒖𝒃

Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, се реализираа активности за обезбедување менторска и коучинг поддршка за корисниците на Business Hub.
🎯 Менторската и коучинг поддршка претставува индивидуализиран процес преку кој корисниците добиваат насоки, совети и практична поддршка во согласност со нивните лични цели, интереси и потреби.
🧩Во текот на сесиите се работеше на идентификување на личните и професионалните цели, поставување конкретни и остварливи чекори, препознавање на силните страни и развојните потреби, како и унапредување на знаењата, вештините и самодовербата на корисниците.
📌Активноста беше реализирана во Велес, преку индивидуални сесии спроведени од страна на ангажирана менторка, со искуство во работа и поддршка на лица со попреченост.
✨Со континуирана менторска поддршка создаваме можности за развој, поголема самостојност и активно учество на лицата со попреченост во заедницата.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес