ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ПРВ ДЕН STUDY VISIT – ЗНАЕЊЕ, ИСКУСТВО И РАЗМЕНА

Денес во Велес го започнавме Study Visit и регионалната размена во рамките на проектот „Лица со попреченост одгледуваат органски ароматични билки“, со учество на околу 50 учесници од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. 🇲🇰🇷🇸🇧🇦
🌿 Првиот дел од денот беше посветен на претставување и запознавање на учесниците, по што следуваше видео презентација која ги претстави почетоците на Здружението и неговото искуство во одгледувањето на ароматични и органски билки.
За развојот на оваа иницијатива, искуствата и досегашната работа на Здружението говореше Далиборка Златева, која ја водеше и сесијата посветена на органското земјоделство и принципите на одржливо производство на лековити и ароматични билки.
🌱 Во продолжение, експертот Лидија Карастојанова Андова ги претстави и објасни основните карактеристики на лековитите и ароматичните билки, лаванда, жалфија, босилек, невен и рузмарин, со посебен осврт на нивното одгледување, производство и принципите на органското производство.
💬 Сесиите беа проследени со отворени и интересни дискусии, прашања, споделување искуства и примери од учесниците од трите земји.
Особено ни е драго што првиот ден го завршивме со исполнета агенда, нови знаења и уште поголема мотивација за заедничка работа.
🙏 Благодарност до Western Balkans Fund и Европската Унија за поддршката и можноста преку овој проект да ги поврземе знаењето, искуството и луѓето од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес