ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Заедно учиме и создаваме: нови знаења и вештини преку органски лековити билки

✨ Продолжуваме со успешно реализирање на активностите во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna. Во оваа работилница учествуваа лица со попреченост
од Вардарскиот Плански Регион, односно корисници од Општина Градско и корисници на социјалните услуги од ПОРАКА Неготино.
🌱 Успешно се одржа уште една од низата работилници за органски лековити билки и изработка на природни производи.
🗣️ Под водство на ментор, учесниците се запознаа со својствата и придобивките од неколку лековити билки како рузмарин, жалфија, невен и лаванда.
🔄 Преку практичен пристап, чекор по чекор им беа објаснети постапките, од подготовка и обработка на билките, нивно сушење и правилно чување, до комбинирање и изработка на различни природни производи.
💡 Учесниците активно учествуваа во процесот на подготовка, изработка и пакување на производите, следејќи ги сите чекори заедно со менторот. Овој практичен и едукативен пристап им овозможи да стекнат нови знаења, да ги развијат своите вештини и да бидат дел од целиот процес.
✅ На овие сесии, учесниците имаа можност:
✔ да се запознаат со основите на користење на органски лековити билки
✔ да научат чекор по чекор како се подготвуваат и пакуваат природни производи
✔ да ги истражат својствата на рузмарин, жалфија, невен и лаванда
✔ активно да учествуваат во процесот на изработка и пакување
✔ да ја развијат својата креативност и фини моторни вештини
✔ да стекнат чувство на постигнување и самодоверба

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес