ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Продолжуваме со работилниците во Вардарски плански регион во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“

✨️ Со големо задоволство споделуваме дел од активностите во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna.
🗓 На 08.05.2026 година во Неготино успешно се одржа втората работилница од Вардарскиот плански регион, наменета за жени, девојки и момчиња со попреченост. Работилницата беше посветена на зајакнување на вештините за подготовка на CV/биографија, како и унапредување на комуникациските и преговарачките способности при вработување.
✅️ Учесниците имаа можност:
✔ да изработат сопствено CV
✔ да стекнат практични знаења за претставување пред работодавачи
✔ да вежбаат техники за ефективна комуникација и преговарање
Во рамки на проектот продолжуваме со работилници во Источниот плански регион, менторски сесии за учесниците на работилниците и корисниците на Хабот.
Заедно создаваме можности, градиме самодоверба и чекориме кон поинклузивно општество.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес