ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Работилници за шиење, кроење и украсување на ташни

✨Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, продолжуваме со реализација на креативни и едукативни активности.
👜 Овојпат успешно се одржа работилница за шиење, кроење и украсување на ташни, наменета за лица со попреченост.
🔄 Работилницата се одвиваше преку практичен пристап, каде учесниците чекор по чекор ги следеа сите фази, од избор на материјали па до финално украсување на ташните.
🗣️ Под менторство, тие се запознаа со различни техники и начини на изработка, како и со можностите за креативно изразување преку дизајн и персонализација.
💡 Посебен акцент беше ставен на активно учество, при што секој учесник имаше можност да биде дел од целиот процес од идеја до готов производ.
✅ Преку оваа работилница, учесниците:
✔ стекнаа основни вештини за кроење и шиење
✔ научија техники за боење и украсување
✔ работеа со различни материјали и алати
✔ ја развија својата креативност и фини моторни вештини
✔ зајакнаа чувство на самодоверба и постигнување

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес