ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Поделени рачно изработени честитки по повод 8ми Март 🌸

Денеска во центарот на Велес се реализираше мала, но значајна активност по повод 8 Март. Во соработка со учениците од училиштето „Кирил и Методиј“, како и со членовите на нашето здружение, беа поделени рачно изработени честитки на случајни минувачки жени кои се најдоа во центарот на градот.💐
Честитките беа изработени со многу љубов, креативност и посветеност со цел да се испрати порака на почит, благодарност и поддршка до сите жени. Со овој мал гест, заедно го одбележавме Меѓународниот ден на жената и им измамивме насмевки на многу велешанки.😊
Активноста беше уште еден потсетник дека соработка меѓу младите, волонтерите и граѓанските организации може да донесе топлина, солидарност и позитивна енергија во заедницата. 🌸

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес