ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Воспоставен систем за безбедност во малите групни домови

Безбедноста е основа за достоинствен и квалитетен живот!
Во рамки на социјалната услуга „Живеење со поддршка“, грижата за безбедноста на корисниците и вработените е еден од нашите највисоки приоритети. Обезбедувањето сигурна и стабилна средина значи создавање простор каде што корисниците можат да живеат мирно, со поддршка, доверба и чувство на припадност.
Со цел дополнително да ја зајакнеме безбедноста на објектите, воспоставен е систем за безбедност, кој придонесува за подобра заштита, сигурност и навремена реакција во секоја ситуација.
Оваа значајна поддршка е овозможена благодарение на донацијата од Фондација „Ице Бегов“ и е во вредност од 2500 евра.
Изразуваме голема благодарност за соработката и континуираната поддршка, која придонесува за подобрување на условите и квалитетот на живот на нашите корисници. 🤝
Заедно создаваме побезбедна и посигурна средина за сите. 💙

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес