ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Посета на амбасадорот на Шведска, Ola Söhlström, во Европска куќа Велес

✨ Денес во рамки на иницијативата #EmbassyOnTheRoad, нашата организација имаше чест да биде домаќин на амбасадорот на Шведска, 🇸🇪 Ola Söhlström, во Европска куќа Велес.
🤝 На средбата беше претставена работата на нашата организација, областите во кои делуваме, како и нашите активности насочени кон инклузија, поддршка и еднакви можности.
💬 Свое обраќање имаше и градоначалникот на Велес г-дин Марко Колев, кој ја истакна важноста од соработката, поддршката и развојот на локалната заедница преку вакви иницијативи.
🏫 Посебно ни беше драго што своја презентација имаше и најинклузивното училиште „Васил Главинов“, кое ги сподели своите успешни практики и заложби за инклузивно образование.
🙏 Благодарни сме за посетата и за можноста да ја претставиме нашата организација, нашата мисија и работата што секојдневно ја реализираме во заедницата.
.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес