ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Информативна сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост

✅ Успешно реализирана информативна сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост
📆 На 25 септември 2026 година, во Хотел „Интернационал“ – Велес, успешно ја реализиравме Информативната сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост, во рамките на проектот „Заедно сме посилни 2“, со поддршка од Фондацијата Kvinna till Kvinna.
👉 Во текот на сесијата, говорниците Сузана Трајковска Кочанковска од Фондација Сизигија Скопје и Сузана Попоска од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје ги презентираа клучните аспекти на предлог законското решение, со посебен осврт на методологијата на законот, предвидените механизми, можностите за вработување и професионална рехабилитација, како и правата и поддршката за лицата со попреченост.
🤝 Особено значење имаше присуството и активното учество на претставници од здруженија и граѓански организации од Вардарскиот плански регион, лица со попреченост и родители/старатели, претставници од институции, бизнис-секторот и други релевантни чинители.
💬 Сесијата беше можност за отворена дискусија, размена на искуства и информации, поставување прашања од практично значење и споделување на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост при пристапот до пазарот на трудот.
🙏 Благодарност до сите учесници, говорници и организации кои со своето присуство и придонес ја збогатија оваа информативна сесија.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес