ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Работилници за подготовка на CV/Биографија и унапредување на комуникациските и преговарачките способности при вработување

✨️ Со големо задоволство споделуваме дел од активностите во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna.
🗓На 26.03.2026 година во Велес успешно се одржаа три последователни работилници наменети за жени, девојки и момчиња со попреченост. Работилниците беа фокусирани на зајакнување на нивните вештини за подготовка на CV/биографија, како и унапредување на комуникациските и преговарачките способности при вработување.
✅️На овие сесии, вкупно 15 учесници (13 жени и 2 мажи) имаа можност:
✔ да изработат сопствено CV
✔ да стекнат практични знаења за претставување пред работодавачи
✔ да вежбаат техники за ефективна комуникација и преговарање
Во рамки на проектот, се очекува да бидат обучени вкупно 40 лица од Вардарскиот и Источниот плански регион.
Во наредниот период продолжуваме со нови активности и работилници насочени кон:
🔹 работно оспособување
🔹 презентација на Законот за вработување
🔹 унапредување на соработката со бизнис секторот
Заедно создаваме можности, градиме самодоверба и чекориме кон поинклузивно општество. 💪

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес