ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Работилници за органски лековити билки и изработка на природни производи

🌱Успешно се одржа уште една од низата работилници за органски лековити билки и изработка на природни производи каде учествуваа лица со попреченост.
🗣️ Под водство на ментор, учесниците се запознаа со својствата и придобивките од неколку лековити билки како рузмарин, жалфија, невен и лаванда.
🔄Преку практичен пристап, чекор по чекор им беа објаснети постапките, од подготовка и обработка на билките, сушење и правилно чување, до комбинирање и изработка на различни природни производи.
💡Учесниците активно учествуваа во процесот на подготовка, изработка и пакување на производите, следејќи ги сите чекори заедно со менторот. Овој практичен и едукативен пристап им овозможи да стекнат нови знаења, да ги развијат своите вештини и да бидат дел од целиот процес.
✅На овие сесии, учесниците имаа можност:
✔ да се запознаат со основите на користење на органски лековити билки
✔ да научат чекор по чекор како се подготвуваат и пакуваат природни производи
✔ да ги истражат својствата на рузмарин, жалфија, невен и лаванда
✔ активно да учествуваат во процесот на изработка и пакување
✔ да ја развијат својата креативност и фини моторни вештини
✔ да стекнат чувство на постигнување и самодоверба

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес