Почеток на нова кампања за подигнување на свеста и поттикнување на вработувањето на лицата со попреченост
Новости
Започнуваме нова кампања!
Со големо задоволство ве информираме дека ја отпочнуваме нашата кампања за подигнување на свеста и поттикнување на вработувањето на лицата со попреченост.
Вработи еднаквост, Вработи инклузивност!
Оваа кампања има за цел да ги доближи можностите, потенцијалите и правата на лицата со попреченост до пошироката јавност, работодавачите и институциите.
Во текот на кампањата, редовно ќе споделуваме:
информации за можностите за вработување
успешни приказни и примери
права кои произлегуваат од законската регулатива
корисни насоки за работодавачи и лица со попреченост
Веруваме дека инклузивното општество започнува со еднакви можности за сите. Заедно можеме да создадеме работна средина во која секој има шанса да придонесе, да расте и да биде вреднуван.
Придружете ни се во оваа мисија и бидете дел од промената!