ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Воведна обука за пишување на проекти за административниот тим

✨ Со задоволство споделуваме дека административниот тим на нашето здружение успешно ја помина воведната обука за пишување на проекти.
Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, со цел јакнење на капацитетите на организацијата организиравме обука за пишување на проекти.
📚 Преку оваа обука, вработените имаа можност да ги унапредат своите знаења и вештини во подготовка на проектни апликации, дефинирање цели, активности и буџети, како и креирање квалитетни и одржливи проектни идеи.
💡 Овој чекор е важен дел од нашата посветеност кон професионален развој и зголемување на капацитетите на организацијата, со цел поефикасно да одговараме на потребите на заедницата.
🤝 Продолжуваме да учиме, растеме и работиме заедно

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес