Активност за плевење и уредување на насадот со лаванда
Новости
Со многу посветеност, труд и тимска работа деновиве се реализираше активност за плевење и уредување на насадот со лаванда, кој е дел од социјалното претприемништво на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.
Лавандата е едно од најмиризливите и најлековити органски билки кои ги одгледуваме со љубов и грижа. Нејзиниот мирис носи спокој, а нејзините придобивки се широко познати и ценети.
Во оваа работна акција активно учествуваа вработените од социјалната услуга „Помош и нега во домот“ и “Лична асистенција” од Општина Градско, кои со својот ангажман и поддршка придонесоа за одржување и развој на нашиот насад.
Преку ваквите активности продолжуваме да ја поттикнуваме социјалната инклузија, заедништвото и одржливиот развој, создавајќи можности за работа, соработка и поддршка во заедницата.