ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

No Finish Line трка Скопје

❤️ Заедно чекориме за хуманоста
Денес, членови на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, со големо задоволство беа дел од No Finish Line трката во Скопје.
Чест и привилегија е да се биде дел од една ваква хумана иницијатива – иницијатива која нè потсетува дека секој чекор, секоја поддршка и секое подадено рака можат да направат разлика. 🤝❤️
За нас, ова не беше само трка. Беше симбол на заедништво, солидарност, емпатија и верба дека заедно можеме да помогнеме онаму каде што е најпотребно.
Со надеж дека ќе се соберат доволно средства кои ќе придонесат за подобрување на условите за третман на Детската болница Козле, веруваме дека секој вложен чекор денес ќе донесе посветла иднина за оние на кои најмногу им е потребна нашата грижа и поддршка. 🌷
Голема благодарност и честитки до Фондација “Ице Бегов” за поканата, довербата и успешната реализација на оваа прекрасна хуманитарна иницијатива.
Нека продолжиме да чекориме, да се поддржуваме и да бидеме тука едни за други.
Затоа што кога сме заедно – секој чекор има значење. ❤️🩵🍀

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес