Насмевки, дружење, спорт и одлична енергија на Спортски игри Велес

Насмевки, дружење, спорт и одлична енергија! Членовите на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес, заедно со вработените, личните асистенти и корисниците на социјалните услуги, денес уживаа во Спортски Игри Велес Во пријатна и позитивна атмосфера реализиравме рекреативни вежби со професорот Петре Петрушевски, поттикнувајќи активен и здрав начин на живот. Преку спортот, […]

Четврто инклузивно планинарење на Кожуф

Со голема чест и задоволство бевме дел од четвртото инклузивно планинарење на Кожуф, настан кој уште еднаш покажа дека инклузијата, солидарноста и заедништвото немаат граници. Здружение за лица со церебрална парализа и други попречености Велес, заедно со нашите членови, семејства и поддржувачи, учествувавме во овој прекрасен ден исполнет со позитивна енергија, нови пријателства и незаборавни […]

Надградување, доусовршување и професионален развој на вработените во социјалните услуги

Инвестираме во знаење, професионалност и квалитетни социјални услуги! Денес во просториите на ЗЛЦПДП се реализираше обука за вработените во социјалните услуги “Помош и нега во домот” и “Лична асистенција”, во рамки на програмата за надградување, доусовршување и професионален развој на вработените. Медицинската сестра Олгица Пепелашева одржа стручно предавање на тема медицинска грижа и соодветен пристап […]