ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ТРЕТ ДЕН STUDY VISIT – ЗНАЕЊЕ, ИСКУСТВО И РАБОТА

Во рамките на третиот ден од студиската посета, реализирана во рамките на проектот „Лицата со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, финансиски поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија, беше одржана практична обука во работниот центар на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.
🪻Обуката беше насочена кон стекнување практични знаења и вештини за преработка и подготовка на производи од органски лековити и ароматични билки. Учесниците имаа можност да се запознаат со различни техники и постапки за изработка на производи со додадена вредност, при што активно учествуваа во практичниот дел од обуката.
Во текот на обуката беа реализирани практични активности од следните области:
– дестилација на етерично масло од лаванда;
– подготовка на вреќички од лаванда;
– изработка на тинктура од лаванда;
– подготовка на чај од лаванда;
– подготовка на масло од невен;
– изработка на крем за нега од невен;
– подготовка на чај од невен;
– подготовка на чајна мешавина од жалфија, рузмарин и босилек;
– изработка на рачно изработени сапуни.
🌼Посебно внимание беше посветено на практичната работа, со цел учесниците не само да се стекнат со теоретски знаења, туку и самостојно да ги применат научените техники и постапки. На тој начин, обуката придонесе кон развивање на нивните практични вештини и поттикнување на нивната активна вклученост во процесите на преработка и создавање производи од лековити билки.
👏Обуката успешно ја завршија сите учесници. По завршувањето на обуката, на сите учесници им беа доделени сертификати за успешно завршена обука, со што беше одбележан нивниот ангажман, стекнатото знаење и успешно совладаните практични вештини.
✅️Третиот ден од студиската посета претставуваше значаен чекор во јакнењето на капацитетите на лицата со попреченост и нивното активно учество во создавањето и развојот на производи базирани на органски одгледани лековити и ароматични билки.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес