ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

„Поинакви/Different“

🎬 Успешно реализирана проекцијата на документарниот филм „Поинакви/Different“
Во рамките на „Велешко Лето 2026“, во организација на Општина Велес, успешно ја реализиравме проекцијата на краткиот документарен филм „Поинакви“, во прекрасниот амбиент на дворот на Europe House Veles.
Филмот преку приказната на Јордан нe однесе во светот на лицата со аутизам, отворајќи важни теми за различностите, прифаќањето, предрасудите и начинот на кој го гледаме светот околу нас.
💙 Благодарност до сите кои одвоија време и ни се придружија, ја проследија проекцијата и заедно со нас испратија порака дека секој човек има свое место, своја приказна и своја вредност.
🫶 Особено ни значи што преку културата и филмот имавме можност да поттикнеме разговор, разбирање и поголема видливост за лицата со аутизам.
🙏 Ви благодариме што бевте дел од оваа приказна!

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес