ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Потпишани нови меморандуми за соработка

🤝Во рамките на проектот „Заедно сме посилни 2“, потпишавме Меморандуми за соработка, со што го зацврстуваме нашето партнерство и заедничката заложба за создавање поинклузивно и поправедно општество.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna.
Преку оваа соработка ќе работиме на:
✅развој и унапредување на социјалните услуги;
✅поттикнување на социјалната вклученост и вработување на лицата со попреченост;
✅подобрување на здравјето и пристапот до здравствени услуги;
✅унапредување на родовата еднаквост;
✅економско зајакнување на жените и девојките со попреченост, како и на жените кои се наоѓаат во ризик.
✨Веруваме дека преку партнерство, меѓусебна поддршка и заеднички активности можеме да придонесеме за подобар квалитет на живот, поголема социјална вклученост и еднакви можности за сите.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес