ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Трибината посветена на унапредувањето на правата на пациентите и можностите што ги нуди Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Општина Велес со фокус кон лицата со попреченост

📅Денес во Велес успешно се одржа трибината посветена на унапредувањето на правата на пациентите и можностите што ги нуди Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Општина Велес со фокус кон лицата со попреченост.
🤝Настанот, организиран од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, во партнерство со „Порака“ – Неготино и „Еко-живот“ – Кавадарци, овозможи отворен дијалог, размена на информации и дискусија за механизмите за заштита на правата од областа на здравствената заштита.
🎤Особена благодарност упатуваме до Заменик министерот за здравство Јовица Андовски, претседателката на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Општина Велес Лидија Димова, членовите на Комисијата од Општина Велес, како и до сите присутни учесници, родители, претставници на граѓански организации и институции кои дадоа значаен придонес во дискусијата.
♿Заедно продолжуваме да работиме кон создавање на поинклузивно, поправедно и подостапно општество во кое правата и достоинството на лицата со попреченост се почитуваат и унапредуваат.
📍 Настанот се реализираше во рамките на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, поддржан од програмата Цивика Мобилитас, финансиски поддржана од Владата на Швајцарија, а спроведувана од МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес