Насмевки, дружење, спорт и одлична енергија! 

Членовите на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес, заедно со вработените, личните асистенти и корисниците на социјалните услуги, денес уживаа во Спортски Игри Велес 
Во пријатна и позитивна атмосфера реализиравме рекреативни вежби со професорот Петре Петрушевски, поттикнувајќи активен и здрав начин на живот. 

Преку спортот, заедништвото и позитивната атмосфера создадовме убави спомени и моменти кои долго ќе ги паметиме.
