ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Активност за плевење и уредување на насадот со лаванда

💜 Со многу посветеност, труд и тимска работа деновиве се реализираше активност за плевење и уредување на насадот со лаванда, кој е дел од социјалното претприемништво на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.
🌿 Лавандата е едно од најмиризливите и најлековити органски билки кои ги одгледуваме со љубов и грижа. Нејзиниот мирис носи спокој, а нејзините придобивки се широко познати и ценети.
🤝 Во оваа работна акција активно учествуваа вработените од социјалната услуга „Помош и нега во домот“ и “Лична асистенција” од Општина Градско, кои со својот ангажман и поддршка придонесоа за одржување и развој на нашиот насад.
✨ Преку ваквите активности продолжуваме да ја поттикнуваме социјалната инклузија, заедништвото и одржливиот развој, создавајќи можности за работа, соработка и поддршка во заедницата.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес