ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Посета од г-дин Харолд Брезе Фугер, Австриско аташе за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи

🇦🇹 Во текот на вчерашниот ден имавме чест да бидеме домаќини на г-дин Харолд Брезе Фугер, Австриско аташе за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи. Тој ј реализираше работна посета на повеќе локации со цел запознавање со социјалните услуги и поддршката што се обезбедува во нашата заедница од страна на нашата организација.
📌 Посетата започна во Велес, во просториите на организацијата, каде што беа презентирани активностите, програмите и услугите што ги спроведуваме за лицата со попреченост и старите лица.
🏛 Потоа следуваше посета на Општина Чашка, каде се остварија средби со претставници на локалната самоуправа и се разменија искуства и идеи за унапредување на социјалните и здравствената заштита. Г-н Фугер ја посети детската градинка, клубот за стари лица и дневниот центар за лица со попреченост.
🏠 Во рамки на посетата ја презентиравме социјалната услуга Живеење со поддршка и малите групни домови во Општина Градско, каде се согледаа условите и начинот на функционирање на овој значаен модел за поддршка и самостојно живеење на корисниците.
📍Посетата продолжи во Општина Росоман, каде фокусот беше ставен на услугата „Помош и нега во домот“ за стари лица и лица со попреченост. Г-дин Фугер оствари средба со негувателките и се запозна одблиску со нивната работа, предизвиците со кои се соочуваат, но и посветеноста со која ја извршуваат својата работа.
🤝 Оваа сеопфатна посета претставува важен чекор кон продлабочување на соработката, размена на добри практики и создавање основа за идни заеднички иницијативи.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес