„Силата на жената не е во тоа што може да издржи, туку во тоа што знае да создава, да сака и да менува.“
Во пресрет на 8ми Март
Меѓународниот ден на жената, во соработка со училиштето ООУ Св.Кирил и Методиј-Велес и членовите на нашето Здружение, со многу љубов и креативност изработивме честитки кои ќе бидат поделени како мал знак на внимание, почит и благодарност.
Затоа што секоја жена заслужува да биде видена, ценета и почитувана, не само денес, туку секој ден!


