ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

29 години Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

💙 29 ГОДИНИ ЗАЕДНО💙
Приказна создадена од луѓе кои веруваа дека лицата со попреченост заслужуваат повеќе……повеќе можности, повеќе поддршка, повеќе почит и, пред се, право на живот со достоинство.
29 години исполнети со многу чекори напред, но и со предизвици. Со денови кога било тешко, со моменти кога сме се прашувале дали можеме уште, но и со безброј причини да продолжиме.
Имало солзи од болка, од неправда, но и од среќа.
Имало смеење, дружења, прослави, вечери, песни и убави спомени кои денес ги носиме со себе. 🥂✨
Имало луѓе кои дошле, луѓе кои останале, луѓе кои оставиле трага и луѓе поради кои оваа приказна продолжува.
Низ сите овие години, нашата борба никогаш не била само борба за услуги и поддршка. Тоа е борба за еднаквост, пристапност, независен живот, образование, вработување, учество во заедницата и право секој човек да биде слушнат и почитуван. И можеби најважното….научивме дека промените не се случуваат преку ноќ, тие се создаваат чекор по чекор, човек по човек, глас по глас.
Денес, кога се навршуваат 29 години од основањето на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес гледаме на сите лица, семејства, вработени, соработници, волонтери и пријатели кои биле дел од ова патување, гледаме на сите мали победи кои некогаш изгледале недостижни, и гледаме напред кон уште многу години во кои ќе продолжиме да зборуваме гласно, да се бориме, да поддржуваме и да создаваме можности.
И затоа денес не славиме само годишнина.
Славиме една заедница која не се откажа. 🫶
Благодариме на сите кои биле дел од нашата приказна.
А најубавите страници допрва ги пишуваме. ✨

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес