Со голема чест и задоволство бевме дел од четвртото инклузивно планинарење на Кожуф, настан кој уште еднаш покажа дека инклузијата, солидарноста и заедништвото немаат граници.
Здружение за лица со церебрална парализа и други попречености Велес, заедно со нашите членови, семејства и поддржувачи, учествувавме во овој прекрасен ден исполнет со позитивна енергија, нови пријателства и незаборавни моменти.
Секој изоден чекор беше потсетник дека сите заслужуваат еднакви можности да бидат дел од заедницата и да уживаат во убавините на природата.
Упатуваме искрена благодарност до организаторите, волонтерите и сите учесници кои придонесоа овој настан да биде вистински пример за инклузија на дело.
Заедно сме посилни, а заедно можеме да создадеме општество во кое секој е прифатен, почитуван и вреднуван.