ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Хуманитарна оперска гала вечер

✨🎶 УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА ОПЕРСКА ГАЛА ВЕЧЕР 🎶✨
Со голема благодарност и исполнети срца споделуваме дека Хуманитарната оперска гала вечер е успешно реализирана, како дел од нашата кампања “Заедно за нов дом” посветена на поддршка на лицата со попреченост и зголемување на капацитетите на социјалната услуга “Живеење со поддршка” 🤍
Оваа вечер беше создадена со една јасна цел, преку уметноста да ја поттикнеме хуманоста, да ја подигнеме свеста и да покажеме дека заедништвото и солидарноста се најсилните алатки за општествена промена. Музиката не беше само изведба, туку глас на поддршка, надеж и верба во подобро утре.
Сцената блескаше со врвни оперски интерпретации, салата беше исполнета со емоции, а секој аплауз беше чекор поблиску до целта на кампањата.
🙏 Искрена благодарност до оперските уметници кои настапија несебично и со големо срце❤️
🙏 до публиката која со своето присуство и поддршка ја даде најголемата сила на кампањата❤️
🙏 до донаторите, партнерите и институциите кои препознаа и застанаа зад оваа иницијатива❤️
Оваа гала вечер не е крај, туку почеток на една подолга приказна. Со истата посветеност и верба, ќе продолжиме да организираме вакви хуманитарни настани и во иднина, затоа што знаеме дека заедно можеме повеќе и подобро.
Ви благодариме што бевте дел од оваа вечер со значење.
До следна средба со уште повеќе уметност, хуманост и надеж ✨🤍
📸Уживајте во сликите и почуствувајте дел од атмосферата

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес