Во рамки на проектот „Рурална жена – силен глас“, ја започнавме реализацијата на првата активност – мобилизирање на жени од руралните средини во Општина Чашка, со цел нивно поврзување, организирање и формирање женски кружок.
Кружокот ќе претставува неформална локална група преку која жените ќе се поврзуваат, ќе ги споделуваат своите потреби и идеи и заеднички ќе иницираат активности за подобрување на условите за живот во својата заедница.
Во изминатиот период остваривме средби и разговори со жени од населените места: с.Горно Јаболчиште, с.Извор, с.Согле, Општина Чашка, с.Теово, с.Лисиче, с.Богомила, с.Врановци и с.Стари Град.
Преку овие средби разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат жените, нивните потреби, можности и идеи за поголемо вклучување во животот на локалната заедница.
Формирањето на женскиот кружок има за цел да создаде организиран простор во кој жените ќе можат:
Жените од руралните средини, особено оние кои припаѓаат на ранливите категории, често се соочуваат со ограничени можности за учество во јавните дебати, локалните иницијативи и креирањето политики кои директно влијаат врз нивниот живот. Веруваме дека секоја жена треба да има можност да биде слушната, нејзиниот глас да биде препознаен, а нејзините идеи да станат дел од промените во заедницата.
Затоа, започнуваме со градење заедништво, доверба и простор за активно женско учество, затоа што промените започнуваат кога жените се организираат и зборуваат со заеднички глас. 
Проектот „Рурална жена – силен глас“ е поддржан од Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“.
*Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не ги одразува ставовите на „Акција Здруженска“.
