ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Работилници за грнчарски вештини

✨️Со големо задоволство споделуваме дел од активностите во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna.
🗓 На 17.04.2026 година во Велес успешно се одржа работилница за грнчарски вештини, наменети за лица со попреченост. Под водство на ментор, учесниците имаа можност да го проследат процесот на изработка на грнчарски производи, а потоа и самите да се вклучат преку боење и украсување на уникатни рачни изработки од глина. Овој креативен пристап им овозможи да ја изразат својата индивидуалност и да уживаат во процесот на создавање.
✅️ На овие сесии, учесниците имаа можност:
✔ да се запознаат со основите на грнчарството преку демонстрација
✔ да бојат и украсуваат готови глинени изработки
✔ да ја развијат својата креативност и фини моторни вештини
✔ да стекнат чувство на постигнување и самодоверба
✔ да работат во поддржувачка и мотивирачка средина со ментор
Во рамки на проектот, се очекува да бидат вклучени вкупно 40 лица од Вардарскиот и Источниот плански регион.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес