Во рамките на „Велешко Лето 2026“, во организација на Општина Велес, успешно ја реализиравме проекцијата на краткиот документарен филм „Поинакви“, во прекрасниот амбиент на дворот на Europe House Veles.
Филмот преку приказната на Јордан нe однесе во светот на лицата со аутизам, отворајќи важни теми за различностите, прифаќањето, предрасудите и начинот на кој го гледаме светот околу нас.
